Home Шоубизнис Како Кевин од „Сам дома“: Трамп призна дека го имал најлошиот Божиќ во животот

Како Кевин од „Сам дома“: Трамп призна дека го имал најлошиот Божиќ во животот

Според признанието на актуелниот американси претседател Доналд Трамп, тој на истекот на минатата и доаѓањето на новата година го искусил и прославил најлошиот католички Божиќ.

Додека неговото семејство престојувало во резиденцијата на Флорида, а неговите соработници отпатувале поради празниците, американскиот претседател за Божиќ останал сам во големата Бела куќа.

„Знаете, бев во Белата куќа потполно сам, 6-7 дена. Моето семејство замина на Флорида и се чувствував многу осамено“, им се пожали Трамп на своите соработници и им откри дека гледал телевизија за да му помине побрзо времето.

„Бев потполно сам, а ова е многу голема куќа. Немаше никого, освен снајперистите. Дури во еден момент ги поздравив, но тие се луѓе кои што не сакаат да си играат. Не ме поздравија, ниту се смееа. До последен момент се надевав дека некој ќе дојде да поразговараме, но тоа не се случи“, изјави Трамп.

Како што пренесуваат американските медиуми, тоа што го поминал Божиќ сам во Белата куќа му падало многу тешко на Трамп, па после празниците повеќе од час и половина им се жалел на своите соработници за „најлошиот Божиќ во неговиот живот“.

Load More Related Articles
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

На адресата на Јелена Томашевиќ пристигнало писмо: Скршена од емоции, пролеала море солзи

Таткото на Јелена Томашевиќ направил нешто пред смртта Скоро две години поминаа од кога та…