Ја фати сопругата со швалерот на Google Maps


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пребарувајќи на апликацијата Google Maps за движење низ градот Лима, еден маж ја забележал својата сопруга со друг човек фатена од камерата на Google.

Сопруг ја оставил и побарал развод од својата сопрува откако ја забележал со друг човек додека пребарувал некое место со помош на Google Maps.

Тој пребарувал на интернет која е најдобрата локација и пат да стигне до еден мост во Лима кога случајно ја забележал својата сопруга како седи на клупа со непознат маж. Човекот ја препознал својата жена по облеката.

Судот ги признал фотографиите како доказ за подоцна и жената да признае дека го изневерувала својот сопруг.

Сопругот ја објавил својата приказна и фотографијата со коментар: „Колку е мал светот…Требаше само да ми каже дека не ме сака и тоа ќе беше доволно за да се разведеме“.