Израелски клуб го промени името во чест на Доналд Трамп

Несекојдневна работа направи еден израелски клуб.

Имено, во чест на претседателот на САД Доналд Трамп клубот Беитар го промени своето име и следната сезона ќе се натпреварува како Беитар Трамп Ерусалим.

Во овој момент второпласираниот клуб од израелското првенство на таков потег се одлучи бидејќи Трамп во декември минатата година го призна Ерусалим како главен град на Израел и покрај притисоците и осудите од остатокот од светот.

„Дури 70 години Ерусалим чекаше на меѓународно признание се додека претседателот Доналд Трамп не направи храбар потег и го призна Еурсалим како израелска престолнина“, нагласи Беитар.

Oд клубот не открија дали се работи за привремена или трајна промена на името.

https://twitter.com/fcbeitar/status/995660234986311686