Изненадување: Ни Челзи, ни Јунајтед, Хамес е нов играч на…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид и колумбиската репрезентација, Хамес Родригез се наоѓа многу блиску до трансфер во Баерн Минхен.

Хамес Родригез е на излезна врата од Реал Мадрид и долго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, па како „гром од ведро небо“ се појави информацијата дека Колумбиецот е пред трансфер во Баерн Минхен.

Коумбиската телевизија „Карасол“ пренесува дека се е договорено и Хамес во наредните денови ќе се пресели кај Карло Анчелоти за 70 милиони евра.

Даглас Коста е на излезна врата од Баерн, па Анчелоти смета дека Хамес ќе биде идеална замена за Бразилецот и одлично засиливање за неговиот тим.

Италијанскиот стратег одлично ги познава квалитетите на Хамес бидејќи своевремено тој го донесе во Реал Мадрид.