Избрани најдобрите спортисти на град Скопје за 2016!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2016 година.

Традиционално и оваа година Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2016 година, односно се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

НАЈУСПЕШНИ 10 СПОРТИСТИ ВО СЕНИОРСКА КАТЕГОРИЈА (МАЖИ И ЖЕНИ)
1. Томи Стефановски – Пливачки клуб Бета
Шампион во генерален пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија и победник на „Охридскиот Маратон 2016“.
2. Филип Панчевски – Шаховски клуб Алкалоид
Европски шампион со шаховскиот клуб Алкалоид на Европското клубско првенство во Нови Сад, Србија.
3. Милан Кубин – Кик боксинг клуб Гладијатор
2 место во „Лоу Кик“ на Европско првенство за сениори во Лутраки, Грција.
4. Сара Ристовска – Женски ракометен клуб Вардар
3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија која обезбеди бараж за настап на Светско првенство во 2017 година.
5. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол
5 место во Кумите во категорија до 61 кг. на Европско првенство во Монпеље, Франција.
6. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар
Учесник на Лигата на Шампиони 2015/2016 и со својот клуб влезе во осумте најдобри европски клубови, капитен на Македонската сениорска репрезентација која ќе учествува на Светско Првенство во Франција во Јануари 2017 година.
7. Енес Смаилагиќ – Карате клуб Цветан Димов
7 место на Европско првенство за сениори во Монпеље, Франција и 1 место на Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција.
8. Дарко Велковски – Фудбалски клуб Вардар
Учесник со клубот во Лигата на Шамиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезона 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија и со младинската репрезентација на Македонија У21, се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година.
9. Гоце Јанески – Боксерски клуб Аперкат
Освојувач на Златен Гонг Скопје 2016 и 2 место на Златна Ракавица, Србија.
10. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар
Учесник оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2015/2016 и еден од најдобрите одбранбени играчи во домашното првенство.

НАЈУСПЕШНИ 5 СПОРТИСТИ ВО МЛАДИНСКА КАТЕГОРИЈА (МАЖИ И ЖЕНИ)
1. Азис Исмаил – Карате клуб Металург
3 место во категорија до 75 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар.
2. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол
3 место во категорија до 53 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар.
3. Елмедин Сејфулау – Боречки клуб Лирија 2010
5 место во слободен стил на Европско првенство за јуниори У20 Букурешт, Романија.
4. Ељиф Елмас – Фудбалски клуб Работнички
Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува до четврто квалификациско коло, член на младинската репрезентација на Македонија У21, со која се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година.
5. Абреша Реџепи – Џудо клуб ИПОН
3 место на Европски Куп за кадети и јуниори во Букурешт, Романија.

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО КАТЕГОРИЈАТА НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Трајче Стојановски – Здружение на лица со телесен инвалидитет на Скопје МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ
Еден од најуспешните спортисти кај лицата со телесен инвалидитет, Државен првак на Македонија во пинг-понг во класа 3 колички.

За најупсешна спортска екипа беше избрана Шаховски клуб Алкалоид, додека за тренер на годината беше избран тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.