Иванов во ОН: Погазено ни е елементарното право на самоопределување, наметнат ни е Договор со кој ќе ја изгубиме сувереноста! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Воочи референдумот на кој граѓаните на Македонија треба да се одлучат за преименување на државата со прифаќање на Преспанскиот договор, претседателот Ѓорге Иванов имаше историско обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации на кое посочи за сите неправди кои ни се нанесени уште од самото осамостојување.

Претседателот Иванов посочи дека и покрај правото на самоопределување врз основа на кое Македонците на 8 Септември 1991 година прогласија независност и своја држава, Македонија беше примена во Обединетите Нации под привремената референца ФИРОМ. Тој потенцираше дека и покрај ова право кое е неприкосновено на секоја нација и според кое сите нации во светот треба да бидат еднакви, со потпишувањето на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, нашата земја се условува со ново име.

Иванов ги потенцираше предизвиците и резултатите кои произлегуваат од овој договор, според кој Грција ја условува Македонија освен на ново име во меѓународните односи, новото име ќе биде “ерга омнес”, односно ќе се користи и за домашна употреба. Според Договорот Грција исто така ја условува нашата држава да ги преименува своите институции и личните документи.

Претседателот посочи дека на овој начин се погазува правото на самоопределување и дека никој не може да го погазува правото на граѓаните да се именуваат онака како што сакаат.

Иванов посочи дека изминатите денови голем број државници ја посетија нашата држава со пораки да македонските граѓани да гласаат на референдумот. Тој рече дека им благодари од дното на срцето на сите оние кои со чесна намера сакаат да ни помогнат во нашите евроатлански аспирации, но исто така им порачал да ни помогнат без да го бараат од нас она што не подлежи врз принципите на меѓународното право.

“Гласањето на референдумот е ваше право, а не ваша обврска”, посочи Иванов.

“Ако овој референдум помине нема да се премени само името на државата, туку ќе се создаде нова нација со нов идентитет”, додаде Претседателот Иванов.

Тој уште еднаш потенцираше дека во недела нема да гласа на референдумот!