ИТТФ оргранизира турнир во пинг понг во „Борис Трајковски“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прв турнир во државата под покровителство на Светската Пинг понг федерација (ИТТФ)

Скопје во периодот помеѓу 8 и 12 октомври во СЦ Борис Трајковски ќе биде домаќин на ИТТФ Светската јуниорска и кадетска серија од челенџ турнири во пинг понг.

По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни годинава, со рекорден број држави учесници-12, пинг понгарската федерација на Северна Македонија се подготвува за организацијата на првиот турнир под покровителство на ИИТФ, отвореното првенство за јуниори и кадети.

Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија итн) се очекуваат да пристигнат во Скопје и да се борат за титулите на овој тунрир како и за паричниот и непаричниот фонд на награди (4000 долари и 4 врвни телефонски апарати), обезбедени од организаторите и спонзорите на турнирот.

Доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг понг федерација во време на турнирот, претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) и Претседателот Роналд Крамер (ЕТТУ) како останати официјални лица и професионалци треба да обезбеди дополнителен мотив за развојот на пинг понгот во државата.

Од нашата земја ќе учествуваат вкупно 21 млади пинг понгари, а додека траат подготовките за овој турнир, нашите млади репрезентативци се присутни на неколку турнири од оваа светска серија кои се организираат во Словенија, Хрватска и Србија.