Италијанците тврдат: Раиола го сели Донарума во…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека еден од најталентираните голмани во светот, Џанлуиџи Донарума на крајот на сезоната ќе го напушти Милан.

Притоа, тврдат дека Донарума и неговиот менаџер Мино Раиола веќе ја избрале следната дестинација, а тоа ќе биде Париз.

Преговорите помеѓу ПСЖ и агентот на Донарума, Мино Раиола се во напредна фаза. Се шпекулира дека ПСЖ на Милан ќе му понуди сума која италијанскиот клуб тешко ќе може да ја одбие.

Богатиот клуб од Париз на младиот голман му нуди плата од неверојатни 12 милиони евра по сезона или двојно повеќе отколку што заработува на „Сан Сиро“.

Минатото лето Донарума потпиша нов договор со Милан, па останува да видиме дали „росонерите“ ќе одолеат на богатата понуда од „светците“.