Home Спорт Италијанската полицијата направи „упад“ во Фиорентина! Дали нешто е „матно“ околу смртта на Астори?

Италијанската полицијата направи „упад“ во Фиорентина! Дали нешто е „матно“ околу смртта на Астори?

Голема трагедија вчера го потресе италијанскиот и светскиот фудбал, кога 31-годишниот капитен на Фиорентина, Давиде Астори беше пронајден мртов во хотелската соба.

Клубот од Фиренца во шок и со голема и неизмерна тага пренесе дека нивниот капитен за жал не се разбудил од сонот откако вчера легнал без никаков проблем, а првичните претпоставки кои пристигнуваат од Италија се дека станува збор за срцев удар.

Во саботата вечерта играл „Playsation” и после 23 часот легнал да спие и веќе не се разбудил, починал во сон од срцев удар.

Воената полиција и Карабињерите го распрашувале голманот Марко Спортиело, кој бил последен од фудбалерите кои биле во контакт со Астори. Дополнителен разговор бил направен и со претставниците на клубот и со лекарската екипа на клубот.

Денес треба да биде извршена аутопсија и ќе бидат познати причините за смртта, но италијанската полиција уште вчера направи „упад“ во клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…