Home Актуелно ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Американски претседател стапна во Северна Кореја

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Американски претседател стапна во Северна Кореја

Доналд Трамп стана првиот американски претседател во историјата, кој стапна на територија на Северна Кореја. Тој се сретна со неговиот севернокорејски колега Ким Јонг Ун во демилитаризираната зона.

Американскиот претседател беше во Јужна Кореја на состанокот со претседателот на земјата, Мун Џин. Тој нагласи дека му понудил на Ким да се сретне со него во демилитаризираната област за време на посетата на областа. Неколку часа подоцна беше потврдено дека Ким ќе одговори.


Трамп и Ким се сретнаа на граничната линија, а Ким го повика Трамп да прошетаат покрај границата и заедно да ја преминат. Со тоа Трамп стана првиот американски претседател кој стапнал на севернокорејско тло. Тие двајца се ракуваа, а камерите ги снимија зборовите на Ким на англиски: „Не очекував да те видам овде“.

Трамп рекол дека ќе го покани Ким во Белата куќа, што и го стори. Историски момент, ова е историски момент, рекол Ким Јонг-ун.

Преминот преку таа линија на разграничување е голема чест, рекол Трамп и додал дека него и Ким ги врзува големо пријателство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…