Исклучително глупави американски полицајци: Го уапсија само затоа што е црнец, а потоа му ја видоа идентификацијата и се посрамија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Локална полициска патрола од двајца полицајци рутински уапси Афроамериканец само затоа што е црнец, без никаква осомниченост, оти „мислеле дека е некој“. Ја направија дури и најелементарната грешка во апсење и спроведување – не го ни идентификуваа типот.

Откако му ставија лисици и покажаа малку агресија, на негово инсистирање, му ја извадија личната карта од задниот џеб и сфатија дека направиле грешка. Типот поштено почна да ги ремети и да ги нарекува најглупави луѓе на светот кои ги сретнал, отворено бркајќи ги да си одат од тука.

Видеово беше споделувано со наслов дека цајканиве по грешка уапсија ФБИ агент, но никаде во видеото не се споменува тој факт, а се тврди и дека снимката не е актуелна, од сегашните случувања во САД, туку стара една година. Сепак, типот не се воздржуваше од отворени навреди кон полицајците и нивниот надреден кој се појави на негова иницијатива, па не можеме да знаеме, дали, сепак, не е некоја битна фаца од таков маштаб.