Искинати и валкани патики за 1.800 евра – битно да се од Баленсијага


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Balenciaga објави нова серија на патики во нивната модна линија наречена Paris Sneakers.

Патиките изгледаат старо, истрошено и валкано, чинат до 1.800 евра и ги запрепастиле следбениците на модата на социјалните мрежи.

На страниците на модниот бренд стои дека овој „класичен дизајн го толкува атлетизмот од средината на минатиот век“ и дека се работи за лежерни обувки за „секое време “. Тие напишале и дека на фотографиите во маркетиншката кампања се гледаат патики кои се целосно дотраени и валкани, што значи дека се продаваат во малку попристојна состојба.

Идејата, објаснуваат тие, е дека овие „портрети“ на патики, направени од фотографот Леополд Душемин, „сугерираат како Париските патики се направени за да се носат доживотно“, но изгледа дека луѓето не се воодушевени од идејата и нивната кампања.

Еден корисник на Твитер сподели фотографија од патиките на Баленсијага со коментар: „Во ред, ова се најлошите патики што сум ги видел… Баленсијага мора да се трола“.

Неговиот твит го споделија и многу други корисници, кои исто така ги споделија своите впечатоци. „Конечно моите стари патики ќе се вратат во мода“, „Некој сега штеди за да го купи ова“, „Но првоаприлските шеги беа пред еден месец“, се само дел од коментарите.

Покрај коментарите кои ги исмеваат париските патики, неколкумина истакнаа дека високата мода често се приближува кон „модата на сиромашните“ и дека овој потег на Баленсијага може да се протолкува како навреда за сиромашните.