Тела на тројца Американци пронајдени мртви во одморалиште на Бахамите – причната за смртта непозната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Телата на тројца американски туристи беа идентификувани од страна на полицијата откако беа пронајдени мртви минатата недела во одморалиште на Бахамите.

Тие се двојка од Тенеси, Мајкл Филипс (68) и неговата сопруга Роби (65) и мажот Винсент Пол Кјарела од Флорида. Сите тројца летувале во одморалиштето Sandals Emerald Bay во Грејт Ексуми. Нивните тела ги пронашол вработен во одморалиштето во петокот наутро.

Сопругата на Кјарела, Донис (65) е пренесена во болница во Флорида и е на одделението за интензивна нега. Локалните власти соопштија дека се уште не е позната точната причина за смртта и дека се чекаат токсиколошки наоди, но дека нема индиции дека се работи за кривично дело.

Министерот за здравство на Бахамите рече дека голем број гости завршиле во болница во четвртокот поради гадење и повраќање.

Вработените во одморалиштето го пронашле Кјарела во неговата вила на подот од спалната соба, додека телата на Мајкл и Роби Филипс биле пронајдени во друга зграда. Мајкл бил во бањата, а Роби на креветот.

„На парот се забележани знаци на конвулзии“, изјавиле официјални лица.

Синот на Кјарела, Остин, изјавил за NBC News дека е фрустриран што не добива информации за смртта на неговиот татко.