Исчистете го својот организам: Ова се најдобрите совети за детоксикација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За да вратите енергијата, да ги намалите вишокот килограми и бидете задоволни со себе, важна е детоксикацијата. Во продолженија следуваат девет совети кои ќе ви помогнат да го исчистите својот оргазам

Внесувајте доволно течности во организмот

Водата го оддржува вашиот систем, поттикнувајќи ги бубрезте, црниот дроб, дебелото црево и лимфните чворови да работат лесно. Но, немојте да претерувате со водата ако не сте жедни, целта е дневно да се испијат еден до два листа вода, плус две шољи чај или кафе. Добар показател дека сте доволно хидрирани е редовната и прилично бистра урина.

Дневно внесување на калории

Внесувајте од 1400 до 1600 калории дневно. Ќе загубите килограми, но и натаму ќе имате енергија. Ако внесувате помалку од 1200 калории дневно, вашето тело ќе престане да ги топи мастите и ќе премине на мускулите со што нема да внесете доволен број на витамини.

Почнете со здрав појадок

Ова сигурно сте го слушнале илјадници пари, но навистина е многу важно да не го прескокнете појадокот. Со прескокнувањето на појадокот нема да ја добиете сета потребна енергија за почеток на денот. Добри опции за почетокот на денот можат да бидат овесните каши зачинети со ореви и цимет, несолен грчки јогурт, јаболко со кикирики путер, или јајце или пак парче тост.

Шејк од зелено овошје

За ручек и вечера, измешајте во блендер зелен зеленчук. Зелениот зеленчук е добар за било која диета бидејќи содржи малку калории, а со нив го зголемувате внесувањето на влакна во организмот. Измешајте свеж зеленчук. Добар избор е секако спанаќот, келјта, брокулата и морковот. Зачинете го тоа со свеж ѓумбир или босилек. Ако сакате сето тоа да го засладите додајте и едно јаболко. Овој комбиниран шејк нуди многу витамини, минерали и антиоксиданси.

Конзумирајте храна со мало количество на протеин

Понекогаш не сте во можност да направите шејк. Заменете го тогаш со чинија протеини кои ги содржат рибата, пилешкото и гравот. Добра замена може да бидат и интегралните житарици.

Изберете вистинска ужина

Кога доцна во ноќта сакате нешто да грицнете, определете се за несолени пуканки. Ореви, овошје или мало парче чоколадо.

Раскинете со нездравите намирници

Намирници кои никако не би смееле да ги внесувате во организмот се шеќерот, белото брашно, оризот, мрсното место и млечните производи.

Активирајте се

Можеби нема да почувствувате напредок се додека не почнете да вежбате. Со вежбите ќе ја средите циркулацијата и ќе ги исфрлите токсините од организмот.

Глутенот не е зло

И покрај трендовите во кои доминира храната без глутен, новите истражувања покажуваат дека житариците ќе ви помогнат при детоксикацијата.