Интер го започнува проектот „Спалети 2021“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер Лучијано Спалети ќе го продолжи договорот со „нероаѕурите“ пред почетокот на сезоната, пренесуваат медиумите во Италија.

Спалети минатата сезона оствари одлични резултати со тимот и го врати во Лигата на шампиони, па „нероаѕурите“ се убедени дека тој е вистинскиот човек за во иднина.

Според новиот договор Спалети ќе се обврзи на верност со „нероаѕурите“ до 2021 година, а ќе добие и значително зголемување на платата.

Раководството на клубот ги исполни сите желби на Спалети на трансфер пазарот и на тренерот му даде тим со кој ќе може да се бори на сите три фронта.

Во Интер веруваат дека Спалети е клучна алка за градење на тим кој во иднина ќе може да го освои Скудетото.