Интригантно: Еве каква „пијана“ тајна крие Адел на Твитер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пејачката Адел, која во моментов е на турнеја низ Австралија, неодамна, случајно, објавила дека има таен профил на Твитер.

На концерт во Бризбејн пејачката го коментирала својот таен профил, велејќи дека нејзиниот менаџмент не знае дека воопшто постои.

„Бев на Твитер минатата вечер. Тие не знаат дека имам таен профил. Очигледно сега знаат, бидејќи кажав. Под тие мислам на мојот менаџмент“, посочила Адел.

Причината заради која пејачката има таен профил е што не и дозволувале да пристапи кон сопствениот профил на Твитер зашто често знаела да каже погрешни работи, така што, рекла Адел, ми ја одземаа таа привилегија.

Пејачката објавила дека и забраниле пристап до сопствениот профил заради „пијани твитови“.