Интерпол во Јужна Африка откри големо количество на фалсификувани вакцини против КОВИД-19


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Јужна Африка беа запленети 2.400 дози на фалсификувани вакцини, а разбиена е мрежа на шверцери со вакцини во Кина, соопшти Интерпол, предупредувајќи дека ова е само „врвот на ледениот брег“.

„Јужноафриканските власти запленија стотици дози на фалсификувани вакцини против ковид-19 по извештајот на Интерпол со предупредување дека вакцините се омилена цел на криминалните мрежи“, додаде меѓународната организација за полициска соработка со седиште во Лион.

Тројца кинески државјани и еден Замбиец биле уапсени во акцијата, спроведена во Гермистон, во провинцијата Гаутенг, каде исто така била откриена и „голема количина фалсификувани маски“.

Интерпол исто така и помогна на Кина, каде полицијата „откри мрежа за продажба на лажна вакцина против ковид-19 и провали во производствен капацитет, приведувајќи 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажни вакцина“.

„Иако сме задоволни од овој исход, ова е само врвот на ледениот брег што се однесува до криминалот поврзан со вакцините против ковид-19“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток.

„Овие апсења ја потврдуваат важноста на Интерпол во обединувањето на клучните играчи од јавниот и приватниот сектор за заштита на јавната безбедност“, додаде Сток.

Интерпол повторно предупредува дека неовластените вакцини се продаваат и на Интернет. „Вакцините што се рекламираат на веб-страниците или на„darknet“ не се легитимни или тестирани и можат да бидат погубни“, предупредува тој.