Home Спорт Интер спрема „безобразна“ понуда за Конте и буџет од 400 милиони!

Интер спрема „безобразна“ понуда за Конте и буџет од 400 милиони!

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека новите сопственици на Интер за следната сезона го сакаат Антонио Конте на кормилото, па за таа цел спремиле „безобразна“ понуда.

Новите сопственици на „нероаѕурите“ имаат големи планови за следната сезона и сакаат да го вратат Интер на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, па го одредиле Антонио Конте како идеален предводник.

За да ја оствари таа цел, односно за да го „украде“ Конте од Челзи Интер спремил понуда тешка 60 милиони евра, односно четиригодишен договор со кој Италијанецот би заработувал 15 милиони по сезона.

Притоа за да го убедат Конте да се врати во Италија ќе му дадат одврзани раце на трансфер пазарот и буџет од неверојатни 400 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…