Home Вебкафе Јапонија ќе направи револуционерен потег со медалите за Олимписките игри во 2020

Јапонија ќе направи револуционерен потег со медалите за Олимписките игри во 2020

Пред Летните олимписки игри во 2020 година, кои ќе се одржат во Токио, организаторите ќе ги повикаат јавните личности во Јапонија да донираат стари телефони и слични уреди, со цел – да се изработат 5.000 бронзени, сребрени и златни медали за настанот, пишува „Тек-Кранч“.

Јапонскиот олимписки комитет има намера да собере близу осум тони метал пред Олимпијадата и Параолимписките игри, чија организација Меѓународниот олимписки комитет и ги довери на Јапонија пред две години. Металот од уредите по „рециклирањето“ ќе биде заменет со потребното злато, сребро и бронза.

Кутиите за собирање на уредите ќе бидат поставени во просториите на јапонските мобилни оператори во април годинава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Кралицата на гламурот се среќава со холивудската легенда: Ким Кардашијан со историските обетки на Елизабет Тејлор

Во светот каде што модата сè почесто ги надминува границите на обичното и навлегува во тер…