Home Спорт Интер се предомисли, му нуди нов договор на Перишиќ

Интер се предомисли, му нуди нов договор на Перишиќ

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ силно се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не сакаат да ја платат сумата која ја бара Интер за неговарта слобода.

Имено, „нероаѕурите“ немаа ништо против да се ослободат од Перишиќ, но бараа 50 милиони евра, додека Мурињо беше спремен да плати најмногу 35 милиони.

Интер мора да оствари приход од 30 милиони евра до 1-ви јули поради Финансискиот фер-плеј, па поради тоа беше спремен да го продаде Хрватот, но сега работите се променија.

Имено, „нероаѕурите“ не само што сакаат да го задржат, туку и му понудиле нов договор на Перишиќ. Тој со актуелниот договор заработува 3,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор Интер му нуди 4 милиони евра годишна плата.

Сепак, медиумите тврдат дека Перишиќ одбива да го потпише новиот договор и инсистира да се пресели во Манчестер, бидејќи „црвените ѓаволи“ му нудат поголема плата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…