Интер понудил 40 милиони за ѕвездата на Ајнтрахт, но добил „корпа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ајнтрахт Франкфурт одбил понуда тешка 40 милиони евра од италијанскиот гигант Интер за потписот на српскиот репрезентативец Филип Костиќ, открива „Билд“.

Спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич имал договор со 26-годишниот играч за врска дека ова лето нема да разгледува понуди за негов трансфер.

Костиќ претходно настапуваше за Штутгарт и Хамбургер, а фудбалската афирмација ја доживеа во Франкфурт каде моментално е еден од главните играчи на тимот.

Антонио Конте е голем симпатизер на неговата игра и сакал да го има во својот тим, но Ајнтрахт не сакал да слушне за продажба.

Костиќ и оваа сезона ја започна одлично и на 9 меча во сите натпреварувања веќе постигна четири гола и запиша три асистенции.

https://youtu.be/IiG7DFprIHM