Интер на чекор до големо засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес Интер официјално го претстави Лучијано Спалети за нов тренер, а медиумите тврдат дека раководството го договорило првото големо засилување за следната сезона.

Имено, „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Антонио Рудигер ќе биде нов фудбалер на Интер. Наводно е веќе постигна договор со Рома и дефанзивецот ќе пристигне во Милано за сума помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Наводно двата клуба постигнале и џентлменски договор дека Интер нема да се обиде да го доведе Наинголан и дека Рудигер ќе биде единствениот играч на „волчицата“ за кој „нероаѕурите“ ќе достават понуда ова лето.

Рома мораше да го продаде Рудигер со цел да ги „испегла“ параметрите на Финансискиот фер-плеј, а Интер засилувањето ќе го официјализира дури во јули, откако ќе продаде некој фудбалер, најверојатно Перишиќ, и на тој начин ќе го испочитува финансискиот фер-плеј.

Рудигер беше најголема желба на Спалети за засилување во одбраната бидејќи одлично го познава, а Германецот може да игра подеднакво добро и како стопер и како десен бек.