Интер ја достави првата понуда до Икарди – земи или остави!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мауро Икарди денес полни 26 години, а напаѓачот на Интер се уште е централна тема на Апенините.

Откако му беше одземена капитенската лента се направи цел „скандал“, па Икарди беше отстранет од тимот и не беше повикан на последните два меча.

За пропуштениот натпревар против Сампдорија објаснувањето беше дека станува збор за ситна повреда. Интер ги доби овие два натпревари, меѓутоа проблемот со Икарди и понатаму е актуелен во клубот.

Генералниот директор, Бепе Марота изјави дека клубот и понатаму сака да го продолжи договорот со Икарди и наскоро ќе достави нова понуда, па се ќе зависи од играчот и неговата сопруга Ванда, која е и негов менаџер.

Денес италијанските медиуми ги открија деталите од последната понуда која Интер ќе ја достави до Ванда наредните денови. „Нероаѕурите“ на маса ќе стават договор од 5 години, до јуни 2024 година со годишна плата од 7 милиони евра по сезона. (Икарди во моментов заработува 4,5 милиони евра).

Со бонуси кои ќе бидат врзани за бројот на постигнати голови, освојување на Скудето и учество во ЛШ, неговата плата може да достигне максимум до 8 милиони евра по сезона. Проблем е што фудбалерот бара минимум 9 милиони евра по сезона плус бонуси, што беше и главна причина за проблемите кои настанаа.

Доколку постигнат договор околу финансиите, ќе се води спор околу откупната клаузула. Интер сака целосно да ја отстрани од договорот, додека Ванда инсистира да има откупна клаузула во договорот, која овој пат да биде повисока од 110 милиони евра.

Останува да видиме како ќе се заврши оваа „сапуница“…