Спорт

Ингилизов: Победа е финансиски стабилна, доведовме две засилувања, преговараме за нови!

Претседателот на ФК Победа, Гоце Ингилизов на пресконференција зборуваше за есенскиот дел од сезоната, но и се осврна на иднината на прилепскиот прволигаш.

Ингилизов најпрво им се заблагодарни на спонзорите кои придонеле Победа да биде финансиски стабилна, но во исто време повика и на нови заинтересирани спонзори.

„Пред да започнеме да зборуваме за идните планови би сакал да се осврнам на изминатата есенска полусезона во Првата лига. Би ја поделил на 3 периоди. Првиот период кога Дарко Крстески сеуште беше тренер на Победа, потоа откако дојде Зоран Штерјовски имавме два периоди едниот нагорен а другиот период на резултати надолен. Во тој прв период додека Дарко Крстески беше тренер на клубот ние како клуб имавме доста слаби резултати и токму заради тоа го раскинавме договорот со Дарко Крстески и го ангажиравме Зоран Штерјовски како тренер“.

„Веднаш потоа имавме неколку добри резултати. Неколку натпревари се почувствува нагорна линија на движење на квалитетот на играта и квалитетот на фудбалерите и почнавме да собираме бодови со што Победа тргна во една нагорна линија. И кога сите мислевме дека таа нагорна линија ќе продолжи во ноември и на почетокот на декември, се случија неколку натпревари од кои сите ние очекувавме дека Победа конечно ќе биде стабилизиран прволигаш и ќе почне да собира бодови“, истакна Ингилизов, а потоа откри дека Победа веќе ангажирала две засилувања.

„Ние веќе договивме две засилувања за Победа. Првото е Емерсон Рамон, кој настапувал во хрватските лиги и есенва има постигнато 7 погодоци. Станува збор за 25 годишен Бразилец, корпулентен напаѓач кој веруваме ќе не засили во нападот. Вториот е 23-годишниот српски интернационалец Милан Војводиќ, кој настапува како полушпиц и крилен напаѓач. Тој има европска титула со репрезентацијата на Србија до 19 години“.

„Во моментов преговараме со уште 6-7 македонски фудбалери кои би можеле да ја засилат Победа. На проба имаме уште еден бразилец Тијаго, кој игра на позиција заден везен, за чиј ангажман се чека мислењето на тренерот. Беше на проба уште еден србин Мирослав Станиќ, играч на крилна позиција, кој ги задоволи апетитите на Стручниот штаб и веројатно ќе разговараме и за негов потпис. Долг е преодниот рок а имаме простор само за уште двајца странци. Во наредниов период ќе пробаме да се засилиме со македонски фудбалери а просторот за странци ќе го оставиме за околу Нова година и неколку дена потоа за дотогаш да дефинираме кои би ги потпишале затоа што само 4-ца странци можат да играат. Но доколку излезе шанса за нгажман на некој квалитетен играч ние би го ангажирале до крајот на преодниот рок-11-тти февруари“, изјави меѓу другото претседателот на Победа.

Advertisements
To Top