Home Спорт Берлускони: Како да се запре Јувентус? Треба само да се сменат судиите!

Берлускони: Како да се запре Јувентус? Треба само да се сменат судиите!

Сопственикот на Милан и најтрофеен претседател во фудбалскиот свет, Силвио Берлускони ја изненади италијанската јавност со изјава во која го поврзува Јувентус со блиски односи со судиите во Серија А.

„Како да го сопреме Јувентус? Само да направиме целосна промена на судиите во Серија А и да ги смениме главните и помошните судии и Јувентус нема да биде повеќе првак. Ќе видите тогаш дали се толку добри“, изјави Берлускони.

Милан и Јувентус во петок во Доха го играат италијанскиот Суперкуп. Шампионот и освојувачот на двојната круна е веќе во Катар, се подготвува за мечот, додека Милан не отпатува бидејќи летот се откажа.

Треба да се напомене дека летовите ги организира Италијанската федерација, па поради тоа во таборот на Милан се многу лути и најавија дека може да го откажат настапот.

„Ова не е фер, тие веќе еден ден тренираат на тамошната температура, ние пристигнуваме дури во среда навечер и ќе имаме само еден тренинг да се навикнеме“, изјави Адриано Галијани.

Милан денес попладне треба да одлета за Катар, а доколку и денес има проблеми со летот тогаш „росонерите“ нема да го одиграат мечот што би бил вистински скандал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…