Home Спорт Инфаркт драма на Босфорот: Фенербахче кралеви на тагата – исфрлени од купот после 120 минути фудбал и 26 пенали

Инфаркт драма на Босфорот: Фенербахче кралеви на тагата – исфрлени од купот после 120 минути фудбал и 26 пенали

Ваква драма како таа на Босфорот ретко се гледа, и голема тага за играчите, стручниот штаб и навивачите на Фенербахче. Очајната сезона на „Канаринците“ доби уште едно траорно поглавје. За великанот од Истанбул и вториот домашен трофеј оваа сезона ќе остане неотсонуван сон.

Фенербахче имаше одличен резултат од првиот дуел, но после големата и епска драма се радуваа играчите на Истанбул Башакшехир. Гостите најпрвин извлекоа продолженија (2:2), а потоа издржаа уште половина час игра и со триумф ја крунисаа маратонската серија пенали со 9:10.

Пеналите сјајно ги изведуваа и едните и другите во првите пет серии, а потоа прво промашување забележа Шкртел. Му се „реваншираше“ Наполеони и ја пропушти првата меч топка за Истанбул.

Најприсебен во 13-та серија беше Емануел Адебајор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…