Импресивен феномен: Дрвата со „срамежливи крошни“ избегнуваат да се допрат меѓу себе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако погледнете кон врвовите на одредени дрва – вклучително еукалиптус, ситка eлата и јапонскиот ариш – ќе забележите еден уникатен феномен: горните гранки од дрвата, кои имаат можност да се допрат при растењето, не се допираат меѓу себе и избегнуваат секаков контакт.

Позната како „срамежливи крошни“, оваа природна појава резултира со празнини меѓу крошните на дрвата во шумите кои формираат совршени силуети на дрвата.

Откако научниците за прв пат почнале да го проучуваат овој феномен во 1920-те години, „срамежливите крошни“ се набљудувани помеѓу дрва од ист и различен вид, на локации ширум цела планета. И овој феномен, независно од видот на дрвата и природната средина, секогаш резултира со карактеристична естетска појава на крошните од дрвата кои формираат импресивни категорични процепи и „воздушни реки“ меѓу кога ќе погледнете кон нивните врвови.

Иако никој не е сосема сигурен зошто одредени видови на дрва се однесуваат вака при растењето, има неколку хипотези кои се презентирани од бројни научници. Според една од нив, оваа појава се случува кога гранките од дрвата (особено оние од повисоките делови од дрвото) ќе се допрат едни со други.

Друга хипотеза сугерира дека оваа појава е присутна поради овозможување на дрвата и растенијата да добиваат оптимална светлина за фотосинтеза. Но, најверојатна и најприфатена е тезата дека појавноста на овие „пукнатини“ го спречува размножувањето на штетните инсекти.