Home Вебкафе Има 37 години и 38 деца

Има 37 години и 38 деца

Жена од Уганда на возраст од 37 години има 38 деца, меѓу кои четири тројки, три четворки и близнаци, наведуваат локални политичари.

Мариам Набатанзи од селото Кабимбири, кое се наоѓа на 50 км северозападно од Кампала, ги добила сите деца со еден сопруг кој е полигамист.

– Децата се на возраст меѓу четири месеци и 23 години, изјави локалниот советник Самари Мусенро за ДПА. Десет деца се женски, а другите се машки.

Локалните политичари побарале помош од Владата за жената која се омажила кога имала 12 години и првпат родила на 14-годишна возраст, и тоа близнаци. Нејзиниот татко има 45 деца со неколку жени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Памела Андерсон го донесе пролетниот дух на црвениот тепих на Берлинале

Памела Андерсон го донесе пролетто на црвениот тепих на Берлинскиот филмски фестивал По ме…