Има 16 години, а изминатиот викенд стана милионер благодарение на Fortnite


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога Кајл Гирсдорф прв пат заиграл Fortnite бил само уште еден од 40-те милиони натпреварувачи во таа игра. Во неделата овој 16-годишен „гејмер“ докажа дека е вистински шампион во оваа игра.

Гирсдорф, познат под прекарот Budha, во неделата го освои светското првенство во Fortnite на стадионот „Arthur Ashe“, каде инаку редовно се играат натпреварите од тенискиот Грен Слем ЈуЕс Опен. Како шампион во Fortnite, типот освои парична награда од 3 милиони долари.

Победи уште во првата игра, а до шестата и последна игра направи предност од 15 бода.

„Во првата игра беше присутна нервозата, но потоа се опуштив и сфатив дека лесно би можел да победам ако се фокусирам“, изјави Кајл за ESPN.

Epic Games, компанијата која ја создаде Fortnite, подели вкупно повеќе од 40 милиони долари како награден фонд во рамки на ова првенство. На него учествуваа 200 играчи. Сите беа млади или многу млади, а некои и малолетни.

Играта на пазарот беше лансирана во јуни, 2017 година и иако е во пад после рекордната 2018 година, Epic Games на неа и понатаму заработуваат по околу 200 милиони долари месечно.

Во светот моментално оваа игра ја играат 250 милиони „гејмери“. Најголемата ѕвезда меѓу нив, играчот познат како Ninja, кој има 22 милиони претплатници на YouTube каналот, не се квалификуваше во финалето.