Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск склучи договор за купување на социјалната платформа Твитер за 44 милијарди долари.

Со овој договор, социјалната мрежа Твитер која има милиони корисници ширум светот, во целост преминува под контрола на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, пренесе Ројтерс.

Со договорот за купопродажба, Твитер престанува да фнкционира како јавна компанија, која на пазарот е од 2013 година.

Претходно, Маск наведе оти Твитер мора да стане приватен за да може да прерасне во вистинска платформа за слобода на говор.

„Слобода на говорот е темел за функционирање на демократијата, а Твитер е дигитален градски плоштад на кој се расправа за прашања од витално значење за иднината на човештвото“, изјави Маск.

До договорот за купување на социјалната мрежа дојде само четири дена откако Маск го претстави финансискиот пакет и ги навлече акционерите на Твитер со деталите на неговата понуда.

Продажбата беше признание на Твитер оти новиот извршен директор на социјалната мрежа, Параг Агравал не може да ја направи компанијата попрофитабилна, и покрај тоа што е на патот да ги исполни амбициозните финансиски цели кои компанијата ги постави за 2023 година.

Некогашниот извршен директор и коосновач на Твитер, Џек Дорси се повлече од својата функција во ноември минатата година, по што го замени тогашниот извршен технолошки директор, Параг Агравал.

Форбс за прв пат во своето рангирање го прогласи Илон Маск за најбогат човек на планетата со богатство проценето на 219 милијарди долари.

Инаку, Маск е активен корисник на Твитер и има над 80 милиони следбеници.