Home Спорт Играч од Премиер лигата остана без гуми на авомобилот… дава награда ако некој го наде крадецот (фото)

Играч од Премиер лигата остана без гуми на авомобилот… дава награда ако некој го наде крадецот (фото)

Дефанзивецот на Волверхемптон, Рајан Бенет на социјалните мрежи се „пофали“ дека некој му ги украл сите четири тркала од неговото БМВ вредно 60.000 фунти.

Барнет веднаш ја контактирал полицијата за да пријави дека некој му ги украл сите четири гуми од автомобилот.

28-годишниот фудбалер притоа преку социјалните мрежи понуди награда за оној кој знае кој го направил ова.

„Баш убаво е да се разбудите и да видите дека некој идиот ви ги украл гумите од вашиот автомобил. Доколку некој добие сомнителна понуда за Данлоп гуми со посебни фелни, веднаш нека ме контактира“, напиша играчот на Волвс на Твитер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…