Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
По САД и Австралија, и Велика Британија најави дека дипломатски ќе ги бојкотира Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои во 2022 година ќе се одржат во Кина.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска објави дипломатски бојкот на Олимписките игри и рече дека ниту еден министер од неговата влада нема да присуствува на настанот во Пекинг, во февруари идната година.
По САД и Австралија најави дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг
Први кои прогласија бојкот беа Соединетите Американски Држави, како форма на критика и загриженост за човековите права во Кина. По САД, и Австралија се приклучи кон бојкотот на ЗОИ.
САД објавија дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг, МОК ја почитува одлуката
Зимските олимписки игри ќе се одржат во Пекинг, во периодот од 4 до 20 февруари идната година.