Home Спорт И Реал „на плеќи“ во Купот на Шпанија

И Реал „на плеќи“ во Купот на Шпанија

И Реал Мадрид го заврши својот настап во Купот на Шпанија откако вчера доживеа пораз за елиминација од Атлетик Билбао.

Клучниот момент се случи во самиот финиш од мечот. Кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши без голови и ќе се влезе во продолженија, домаќините постигнаа гол.

Течеше 89. минута кога Беренгер направи убав дриблинг, прецизно пласираше и даде гол за водство на Атлетик Билбао од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.

Во полуфиналето од шпанскиот куп ќе ги нема ниту Реал Мадрид, ниту Барселона, таму се Атлетик Билбао, Бетис, Валенсија и Рајо Ваљекано.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…