
Пред нецела година, поточно десетина месеци, светските „мејнстрим“ медиуми будно го следеа љубовниот бродолом на славниот шоубизнис брачен пар – манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер.
Иако нивните обожаватели се надеваа дека славниот пар ќе се смири, се чини дека убавата Ирина најде утеха во друга прегратка.
View this post on Instagram
Поточно, според американските медиуми, руската убавица неодамна била видена во Њујорк со богат продавач на уметнички дела и сопственик на галерија, Вито Шнабел.
View this post on Instagram
Тој е познат по статусот заводник на славни убавици, откако бил во врска со манекенката Хајди Клум, актерката Амбер Херд, како и нејзината руска колешка, Мадалин Гене.
Ексклузивните фотографии од новата двојка, направени на улиците на Њујорк, а потоа се гледа како влегуваат во станот на Вито, се објавени од британскиот Дејли Меил.