Home Актуелно И денеска во Скопје и Куманово нови дојави за бомби во средни училишта

И денеска во Скопје и Куманово нови дојави за бомби во средни училишта

Учениците и вработените во скопските гимназии „Ѓeорги Димитров“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ се надвор од училишните објекти откако беа повикани да се евакуираат бидејќи на службените мејлови на училиштата пристигнале закани за поставени експлозивни направи.

Евакуација е извршена и во неколку други средни училишта во Скопје, но се јавува и за евакуација од неколку училишта и во Куманово. Утрово закани за бомби примија основните училишта во скопската општина Аеродром.

Инаку, за првпат закани за бомби се испратени до училиштата во Аеродром, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Александар Македонски“ и „„Браќа Миладиновци“.

Од МВР потврдуваат дека нивни специјални полициски единици се на терен, а за детали ќе следува соопштение.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…