„Фризирање со мраз“ – вака изгледа тоа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рамос, кој ТикТок има над половина милион следбеници, е познат арапски фризер кој живее во Хановер, Германија.

Тој го привлече вниманието на јавноста со необичното стилизирање на косата на своите клиенти. Секој клиент по потстрижувањето минува низ завршната фаза „замрзнување“ на косата. Зошто? Тоа му е познато само на Рамос.

На неговото последно видео кое собра речиси 116 милиони прегледи, се гледа како Рамос формира мраз на косата, а потоа го отстранува со тример за да го види крајниот резултат. Кај секој муштерија фризурата, т.е мразот, има различен облик и големина.

Неговите придружници на социјалните мрежи се целосно шокирани и во недоумица од третманот на косата на мажите кои доаѓаат кај него.

@ahmad.friseur #fypシ #foryou #fyp #viral ♬ Life Is Good (feat. Drake) – Future

И додека некои тврдат дека ова е „најладната“ фризура што ја виделе, а на други им е смешно и велат дека овој човек ги потсетува на Мистер Бин, некои од придружниците на овој фризер прашаа како е можно муштериите да седат толку мирно со оваа „ладна“ фризура од која се смрзнуваат само што гледаат, но одговор не добија.

Меѓутоа, еден од корисниците на ТикТок кој го следи Рамос одлучи да ја разреши мистеријата и им објасни на „вознемирените“ дека се работи за посебен гел или вазелин нанесен во голема количина и дека луѓето се сосема безбедни. Но, не може да се негира дека гелот изгледа толку автентично како мразот што некои луѓе не веруваат во ова објаснување.

Сепак, сè уште не е познато зошто овој фризер користи олку чуден метод на стилизирање на коса.