Home Актуелно И денеска сончево, по котлините густа магла

И денеска сончево, по котлините густа магла

Утрово во Македонија по одделни котлини и вдолж Повардарието има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени. Маврово 11. Охрид 10, Битола 8, Крива Паланка и Берово 11, Кавадарци 10, Дојран 14.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Дневните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…