Huayra Tricolore – најмоќен Pagani во историјата во издание од само 3 примероци по цена од 5,5 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Pagani Huayra Tricolore е најмоќниот примерок од овој бренд на супер-автомобили во неговата историја.

Покрај тробојката, оваа верзија се карактеризира со модифициран преден дел со поголеми зафати за ладење. Има и нов централен влез, сè за да се внесе повеќе ладен воздух во моторниот простор. На задниот дел, Pagani инсталира модифициран дифузер и ново крило.

Внатрешноста е збогатена со рачно брусени алуминиумски детали и некои карбонски елементи. Доминира бело-сината тема.

Најмоќниот Pagani во историјата се напојува со мотор Mercedes 6.0 V12. Сега испорачува 840 КС и 1100 Нм, кои го движат автомобилот тежок само 1270 кг.

Цената е позната и таа изнесува околу 5,5 милиони евра без даноци и други давачки.