Храмовите нема да бидат затворени за Велигден – ќе има и причест со едно лажиче, како што е традиција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МПЦ не го менува ставот за задржување на велигденската традиција и дека со една лажичка ќе се причестуваат сите кои ќе сакаат да се причестат за овој голем христијански празник.

И владиката Тимотеј смета дека секој што ќе посака да се причести, свештениците не можат да му забранат, лажичката ќе биде иста за сите без разлика што така може да се шири вирусот ковид. Иконите ќе ги дезинфицира оти традиција е и тие да се бакнуваат особено за време на верските празници како Велигден, пренесува Телма.

Во меѓувреме владата не размислува да ги затвори храмовите за време на Велигден. Техничкиот премиер Оливер Спасовски како што вели неприкосновеното право е да се отворени.

За разлика од кај нас, на пример во Грција синодот сам и предложи на Владата да се затворат храмовите за верниците, не за свештениците, а таа го прифати таквиот предлог. Тамошните весници објавуваат дека дури обвинителството отвори постапка за двајца свештеници од Атина и Крф кои оделе по домови и причестувале. МПЦ не размислува да достави ваков предлог на Владата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на емисија рече дека ќе го убедува патријархот на СПЦ Иринеј дека не смее да има верници во објектите откако свештениците повикаа верниците активно да учествуваат во литургиите.

Во меѓувреме во грција обвинителството поведе постапки за двајца свештеници кои спротивно на мерките, извршувале причести во домови на верници. Нашето обвинителство вели дека ги следи сите изјави и онаа на Реисот, но и последниве кои доаѓаат од православната заедница и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично дело. Синодот на мпц вчера преку соопштение објави дека нема да ги прекине литургиите но ќе воведе ред за држење на растојание. За лична молитва повика да престојуваат исклучиво до пет луѓе на одредено растојание.