Home Актуелно Хорор во Загреб: Татко си ги задавил сопствените деца, па се обидел да се самоубие

Хорор во Загреб: Татко си ги задавил сопствените деца, па се обидел да се самоубие

56-годишен татко во Загреб си ги задавил сопствените три деца, момче и девојче близнаци и уште еден син, па се обидел да се самоубие. Близнаците имале по 7 години, а помалиот син четири.

Според полицијата, тие влегле во станот околу 2 часот по полноќ, на основа на информација од социјалните мрежи за наводно самоубиство и го пронашле таткото , по што бил одвезен в болница, пренесува СакамДаКажам.

„На местото на настанот се пронајдени и три безживотни тела на деца, потврдена е насилна смрт, со што постои сомневање за убиство“, соопшти полицијата од Загреб.

Хрватските медиуми неофицијално пренесуваат дека родителите на децата биле разведени, и викендов биле на гости кај таткото. Тој, според медиумите, се обидел да се самоубие со отров или таблети.

Таткото е австриски државјанин, со постојана адреса во Хрватска, кој имал сопствена консултантска фирма. Во својот статус на Фејсбук околу полноќ, меѓудругото напишал: „Збогум на сите“, а за мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…