Холанѓанка се разголуваше низ цела Австралија со една „благородна“ цел (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стере е 21-годишна Холанѓанка која одлучи да ја пропатува и исшета цела Австралија и да позира разголена на разни егзотични места, а фотките да ги објавува на својот Инстаграм профил.


На ваква идеја дојде кога откри Инстаграм профилот „Соблекувај се, Австралио“, кој ја инспирирал да отвори сопствен профил со едноставно име – „Гола девојка“ (a.naked.girl).

Стере вели дека Австралија била идеална земја за нејзиниот проект, бидејќи постојат голем број места на кои може да се раслече целосно гола, без да го загрозува и нарушува јавниот ред, бидејќи едноставно никој нема да ја види.

„Ја обожавам природата, па во неа уживам и облечена. Но, уживањето во природна средина не е целосно ако не си гол, голотијата среде природа е нешто неспоредливо“, вели Стере.

Но, раслекувањето до гола кожа во Австралија не е секогаш најпријатно. Една вечер, како што вели таа, комарците „жива ја изеле“, а последиците од нивните убоди се видливи на некои од нејзините фотографии.

Стере вели дека имала само една непријатна средба со човек: „Голотијата сè уште може да биде непријатна за луѓето. Баш штета што не можат сите да уживаат во голотијата на несексуален начин“, вели таа.