Home Спорт Холандските медиуми открија детали од скандалот со Овермарс и колешките од фудбалскиот клуб Ајакс

Холандските медиуми открија детали од скандалот со Овермарс и колешките од фудбалскиот клуб Ајакс

Марк Овермарс изненадувачки си замина од функцијата спортски директор во Ајакс.

Клубот објави дека Овермарс заминува поради однесувањето кое го имал кон колешките, односно им праќал неесодветни пораки. Самиот тој призна дека претерал и ја призна вината со тоа што си поднесе оставка од функцијата.

Сега се објавени нови детали од скандалот.

„Овермарс им испраќаше пораки на некои колешки прашувајќи ги што носат, некогаш одеше и подалеку па испраќаше слики и од неговиот полов орган. Жената која пријави не е била прва што добила таква фотографија“, изјавила вработена во Ајакс за холандскиот портал „НРЦ“.

Тие објавија и разговори со 11 сегашни и поранешни вработени, но сите се анонимни затоа што никој не сака да зборува против најуспешниот спортски тим во Холандија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …