Славни

„Hasta la vista“ за нафтата – Шварценегер преминува на струја

Филмската ѕвезда и бивши гувернер на Калифорнија не се откажува од својот омилен теренец – Хамер Х1, но неговото позило од дене ќе биде на електричен погон.

Во деновите на својата најголема попуаларност, Арнолд Шварценегер во јавност често се појавуваше со „Хамер“ од првата генерација, автомобил по кој беше препознатлив во Холивуд.

Ориганалниот Х1 одамна е „еколошки неприфатлив“, па популарниот катер одлучи да премине на електрична енергија. Во тоа му помогна компанијата „Kreisel Electric“ која го модификуваше овој теренец да може да се движи на електична енергија.

Првиот електричен Хамер Х1 претставен е во истражувачкиот центар на компанијата во Австрија, земја од која потекнува и самиот Шварценегер.
Модификацијата на возилото траеше два месеци, а Х1 сега добива енергија од батерија со капацитет од 100 кв/ч.

За погонот се задолжени два елетромотори, со што се добива погон 4×4. Вкупната комбинирана сила на системот е 490 кс, а возилото тешко 3,3 тона е во состојба да помине околу 300 километри пред да се испразнат батериите. Максималната брзина која може да ја достигне е 120 км/ч.

To Top