Харт: Гвардиола не сакаше да ми го загорчи животот, туку…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот голман Џо Харт смета дека е вишок во Манчестер Сити и не мисли да се враќа на „Етихад“ откако ќе му заврши позајмицата во Торино.

И покрај фактот што Клаудио Браво не блеска на голот на Сити, Харт смета дека за него повеќе нема место на „Етихад“.

„Би рекол дека во овој момент сум вишок во својот матичен клуб. Не мислам дека ситуацијата се променила, морам да бидам реален. Го сакам тој клуб и од секогаш сум велел дека ќе бидам таму додека ме сакаат, но секогаш бев внимателен додека го велев тоа бидејќи знам дека во големите клубови работите брзо се менуваат“, изјави Харт.

„Не можете да му се допаднете на секој тренер. Нема секојх тренер да ве става во првиот тим, тоа е нормално во фудбалот. Јас го знам тоа и затоа не го сваќам лично. Но доколку не добивам шанса, тогаш сакам да одам негде каде што ќе ја добивам“, додаде Агличанецот, притоа немаше лоши зборови за Гвардиола.

„Гвардиола го направи тоа што мораше, она што сметаше дека е исправно. Не го направи тоа за мене да ми го загорчи животот, туку затоа што мислеше дека тоа е најдобро за тимот“.