Home Актуелно Хаос во црногорското Собрание: Летаа шишиња, уапсени опозициски пратеници (видео)

Хаос во црногорското Собрание: Летаа шишиња, уапсени опозициски пратеници (видео)

Откако беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт во врска со законот за слобода на вероисповед, во црногорското Собрание изби конфликт после кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата.

Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.

Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа, после инцидентот во Собранието. Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.

Низ цела Подгорица во текот на денот имаше блокади токму поради расправата која се водеше за Предлог-законот за слобода на вероисповед, според кој во државна сопственост се сите верски објекти и земјишта кои ги користат верските заедници на територија на Црна Гора, а кои се изградени или набавени од јавни приходи од државата или биле во државна сопственост и за кои нема докази за правото на сопственост.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…