Хамилтон до Шумахер: Постојано се молам за тебе и твоето семејство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Четирикратниот првак на светот во Формула 1, Луис Хамилтон, на својот Твитер профил му оддаде почест на германскиот поранешен Ф1 пилот Михаел Шумахер.

Иако идол на Хамилтон е познатиот Аиртон Сена, Луис и тоа како го почитува најдобриот возач на светот на сите времиња.

Миахел, голема чест ми е што на овогодинешната трка во Белгија успеав да го изедначам твојот рекорд по број на пол позиции. Постојано се молам за тебе и твоето семејство“, напиша Хамилтон.

Шумахер во 2013 година се здоби со опасна и тешка повреда при скијање по која цели шест месеци помина во кома. Семејството целосно се изолираше од јавноста и последните четири години не се знае ништо за здравствената состојба на Шумахер.