Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралијката Таш и Американката Девин со години се другарки и соработнички, а она што првенствено ги поврзува е нивната љубов кон бикини костимите.
Наташа Оукли и Девин Брагман се блогерки кои обожаваат бикини, па имаат и заеднички Инстаграм профил на кој секој ден „пукаат“ фотки на кои провоцираат облечени во костими за пливање.
Неодамна во јавност испливаа исечоци од интервју кое тие го дале во 2012 година, а во кое одговараа на доста сочни прашања. За време на целиот разговор на себе имале само бикини и отворено одговарале на сугестивните прашања.
Кога им беше поставено прашањето дали се виделе една со друга без облека, целосно голи, се насмеале двете и потврдно одговориле на ова провокативно прашање. Исто така, открија дека немаат направено ниту една пластична операција, туку имаат целосно природни атрибути. „Дури и задниците?“, прашал водителот, при што наишол на ентузијастичко „да“.
Единствено не се усогласија на прашањето дали „тоа“ го сакаат грубо или нежно. Девин призна дека повеќе сака жестоко, додека Наташа преферира нежно. Тие и денес соработуваат на заедничкиот Инстаграм профил, каде врткаат редовни над 600.000 фанови.