„Хајнекен“ мора да му исплати на Горан Бреговиќ 80.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Високиот трговски суд во Загреб ја потврди пресудата за барањето со кое музичарот Горан Бреговиќ бараше од Карловачка пивовара, односно нејзиниот сопственик „Хајнекен“, обештетување поради неовластено користење на неговите музички дела.

Според оваа пресуда, „Хајнекен“ ќе мора на Брега да му исплати повеќе од 80.000 евра. Судот утврди дека „Хајнекен“ неовластено, без одобрение од авторот, го користел авторското музичко дело на Горан Бреговиќ, „Битанга и принцеза“.

„Хајнекен“ ја искористи музиката во рамки на нивната маркетиншка кампања „Карловачко Лајв 2007“. На тој начин извршиле повреда на имотно право на авторот.

Заради повреда на авторски права Бреговиќ тужеше и за песните „За Есма“, „Јер кад остариш“, „А и ти ме изневјери“, „Ако има Бога“, „Напиле се улице“, „Липе цвату“, „Ружица си била“, „Кад би био бјело дугме“, кои биле изведувани на турнеата „Карловачко Лајв 2007“, но судот го одби тоа барање.

Тужбата Брега ја поднесе во 2010 година. Интересно е дека спорните песни на споменатата турнеа ги изведуваа бившите членови на „Бијело дугме“, Жељко Бебек, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа.