Гвардиола проговори за иднината на Агуеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се почести се шпекулациите дека Серхио Агуеро е надвор од плановите на менаџерот и дека може да го напушти Манчестер во текот на летото.

29-годишниот напаѓач остана на клупата за резерви на градското дерби со Јунајтед, а во натпреварот против Тотенхем, по што јавно го покажа своето незадоволство.

Сега конечно на таа тема проговори Пеп Гвардиола кој истакна дека Серхио Агуеро е легенда и сам ќе одлучи за својата иднина.

„Бев играч и јас и потполно ги разбирам играчите кога тие се заменети или кога не играат. Тогаш се тажни и вознемирени. Ако не се задоволни со мене, нема проблем, најважно е дека се почитуваат едни со други. Агуеро е легенда и ќе одлучи сам за неговата иднина“, истакна Гвардиола.