Home Спорт Гвардиола го „украде“ вундеркиндот од ПСЖ

Гвардиола го „украде“ вундеркиндот од ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека еден од најдобрите млади фудбалери на Пари Сент Жермен од следното лето ќе се пресели во Манчестер Сити.

Станува збор за 17-годишниот Клаудио Гомеш, кој важи за еден од најголемите таленти во Европа!

Виновник за тоа што „вундеркиндот“ заминува од ПСЖ е Пеп Гвардиола кој го убеди да се пресели во Манчестер Сити.

Гомеш го привлече вниманието на сите големи европски клубови со своите игри во Лигата на шампиони за млади фудбалери, но Сити беше најконкретен.

По конституцијата потсетува на Макелеле и Нголо Канте бидејќи е висок 165 сантиметри, но игра како офанзивен играч за врска и има феноменална техника.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…